„Првиот понеделник во мај“ е насловот на новиот документарен филм на американското издание на Vogue кој се осврнува на годишната модна изложба во Институтот за костими при музејот Метрополитен, кој проследен со Мет Гала претставува еден најважните светски модни настани. Од трејлерот за документарецот може да насетиме дека филмот дава поглед како уредничка на Vogue Ана Винтур, една од домаќините на Мет Гала, се подготвува за минатогодишниот гала настан и изложба посветени на Кина, како го контролира списокот на гости и целата програма, како и Ендрју Болтон, куратоторот на Институтот за костими кој ги надледува последните денови од поставувањето на експонатите. Во документарецот се појавуваат и дизајнерите Карл Лагерфелд, Жан Пол Готје, Ендрју Леон Тели од Vogue и режисерот Баз Лурман.
Филмот режиран од Ендрју Роси ќе го отвори новото издание на филмскиот фестивал Трајбека во Њујорк.
Овогодинешната тема на изложбата во Метрополитен е модата и технологијата.
Нема коментари