Главна ѕвезда на црвениот килим на доделувањето на музичките награди на Billboad во Лас Вегас, беше раперката Доџа Кет, поради впечатливиот моден избор со потпис на Скјапарели. Таа носеше наивидум обичен црн струкиран фустан, но моделот на Дејвид Роусбери кој креира за Скјапарели, нималку не е обичен. Горниот корсетиран дел завршува со долги шилци, деколтето е сосема отворено и покриено со проѕирен тул, а стајлингот на Доџа Кет заокружен со златни модни детали во надреалистички стил каракеристичен за куќата Скјапарели. Брадавиците ги покрила со златни кругови, накитот е масивен, чевлите дефинирани со златни прсти, а чантата со облик на планетата Сатурн.
Нема коментари