Ѕвездата на „Хари Потер“, сега актуелна со филмот „Убавицата и ѕверот“, Ема Вотсон, е прогласена за жена на годината на доделувањето на Elle Style Awards. Дваесет и шестгодишната актерка и активистка за правата на жените се појави во романтична креација од „Диор“. На церемонијата на магазинот Elle, што се одржа во Лондон на почетокот на неделава, за икона на стилот беше прогласена 71-годишната музичка легенда Деби Хари. Таа носеше црвен костум од Вивиен Вествуд.
Наградата за британски бренд на годината ја доби Burberry (предводен од Кристофер Бејли), а признанието за најдобар дизајнер го прими креативниот директор на Erdem. Најдобар нов британски бренд е Kym Ellery. Најдобар според модните директори е младиот креатор Симон Жакмус. За најдобар модел на годината е прогласена Дамарис Годри.
Статуетката за актерка во подем ја доби Саша Лејн, за албум на годианата – Christine and the Queens , а за најдобар актер е именуван Риз Ахмет. Специјалната награда од H&M за совестност на доби Орсола де Кастро.
Нема коментари