Модниот магазин Vogue и Советот на американски модни дизајнери (CFDA) по 12-ти пат доделија награда, односно моден фонд (Fashion Fund) со кој поддржуваат млади таленти. Годинава наместо да се прогласат прво, второ и третот место, комитетот за наградување одлучи да награди тројца дизајнери подеднакво – Аурора Џејмс од брендот за чевли Brother Vellies, Рио Урибе од спортскиот бренд Gypsy Sport, и дизајнерот на женска облека Џонатан Симкаи. Секој од нив ќе добие 300.000 долари кои ќе ги инвестираат во своите брендови, како и годишно менторство од некој познат и искусен дизајнер кој ќе им помогне во развивањето на бизнисот.
Од основањето комитетот на CFDA/Vogue Fashion Fund доделил преку 4 милиони долари парична помош на 30-тина дизајнери и компании, некои од нив успеале да изградат успешна кариера, на пример Александар Ванг, Џозеф Алтузара, Том Браун и Табита СИмонс кои се поранешни добитници на модниот фонд.
По повод прогласувањето на победниците на CFDA/Vogue Fashion Fund се одржа гала вечера во „Спринг студиос“ Њујорк на која се појавија главната уредничка на Vogue Ана Винтур и претседателот на CFDA Стивен Колб, повеќе модни дизајнери, манекенки и музички ѕвезди. Меѓу гостите беа Аманда Сејфрид, Рикардо Тиши, Карли Клос, Лорд, Зендаја…
Нема коментари