Aсоцијацијата и моден онлајн-магазин Stylist.mk 31.10.2013 во клубот и ресторан МКЦ ги додели наградите за најуспешните на есенското издание на Моден викенд-Скопје (FWSK). Главната награда, за најдобра колекција, ја доби етаблираната креаторка Росица Мршиќ. Признанието за најнадежен дизајнер му беше врачено на Бобан Илиевски, кој работи под брендот Chic Undercowear. За најдобра манекенка беше прогласена Маја Ристевска од модната агенција „Мак моделс“.
Статуетката за најдобра колекција специјално за првото издание на „Stylist.mk наградите“ ја направи познатата дизајнерка на накит Марија Милошевска. Наградата за најнадежен дизајнер ја креира талентираната Нина Симовска, која работи под брендот за накит Just Because. Уникатен накит во дизајн на познатата креаторка Ивана Кнез („Драма“) е наменет за најдобрата манекенка.
Неколку часа пред церемонијата на доделување на наградите, Stylist.mk организира дебата на тема „Пласманот на модата во медиумите“, во која учествуваа модни дизајнери, новинари, блогери и менаџери. Меѓу говорниците, покрај организаторките Снежана Јаначковска-Богдановска, Катерина Трајановска и Ана Несторовска, беа креаторите Никола Ефтимов, Ненад Секирарски, Лидија Георгиева, Тања Кокев, Антонија Ристовска, Јована Филиповиќ и Ирина Тошева. На настанот присуствуваа и новинарите Тони Димков, Јасмина Павловска, како и модните блогерки од Skopje Casual и Александра Спасеска (aleksandrinavezilka).
Нема коментари