Блоговите на Оливија Палермо, Кјара Ферањи и Скот Шуман се дел од најдобрите на годишните награди на Bloglovin’, што беа доделени вчера (7 септември) за време на Модната недела во Њујорк. Интернет платформата Bloglovin’, која на едно место ги собира омилените блогови за мода, животен стил, дизајн, храна и патување, доделува признанија за блогерите кои ја одбележале изминатата година, во 12 категории. Наградата за најдобар блог за модни вести ја доби Refinery29, најдобар блог за уличен стил е The Sartorialist на Скот Шуман, блог за личен стил што ја одбележа годината е : The Blonde Salad на Кјара Ферањи, а за најуспешен блог на славна личносте тој на Оливија Палермо. Во категоријата за блог на бренд наградата ја доби Madewell Musings, за убавина: Vivianna Does Make up, за машка мода: I Am Galla, а за животен стил Cupcakes And Cashmere. Најдобар блог со пишана содржина е Into The Gloss, блог со фотографии: Gary Pepper, а за најдобар нов блог на годината е именуван Chapter Friday.
Нема коментари