Актерот Крис Пајн е прогласен за интернационален маж на годината на доделувањето на GQ Men of the Year Awards 2016, кое се одржа минатата вечер во Лондон . Една од најзастапените манекенки во таблоидите, Бела Хадид, е именувана за Hugo Boss модел на годината , а Hugo Boss најстајлиш маж е музичарот Марк Ронсон. Најдобар дизајнер е Алесандро Микеле, а најдобар пробив како креатор има Џејмс Лонг.

Ејми Шамер е прогласена за жена на годината
За најдобар ТВ-актер е именуван Ејдан Тарнер, а најдобра телевизиска личност Беар Грилс. Наградата „гениј“ ја доби комичарот Рики Џервејс, жена на годината е Ејми Шамер. Patron Tequila соло артист на годината е Келвин Харис, а најдобар бенд е Tame Impala.

Ејдан Тарнер, Грејсон Пери и Сакид Кан меѓу наградените
Личност од светот на спортот е Ентони Џошуа, а најдобар тим-репрезентацијата на Велика Британија. Омилен политичар според GQ e градоначалникот на Лондон-Сакид Кан. Најдобар автор е Грејсон Пери. Наградата за најдобар музички пробив ја доби Џек Гарат, меѓу новите актерски имиња најуспешен е Џон Бојега, а нова ѕвезда на медиумите е Кејси Најстат. За икона е прогласен Нил Роџерс, за легенда Сер Мајкл Кејн, за најиспиративна личност Били Коноли, а за најдобро дело: Клаудио Раниери.

Patron Tequila соло артист на годината е Келвин Харис, наградата му ја врачи Ели Голдинг

За легенда е прогласен Сер Мајкл Кејн(лево), а најиспиративна личност -Били Коноли (слика десно)

Hugo Boss најстајлиш маж е музичарот Марк Ронсон, а Нил Роџерс (десно) ја добри наградата за икона според GQ

Наградата „гениј“ ја доби комичарот Рики Џервејс

Бела Хадид на доделувењето дојде со својата мајка Јоланда, која се бори со тешка болест

Крис Пајн (десно) со својот колега од „Ѕвездени патеки“, Сајмон Пег
Нема коментари