Најуспешните во модата и најдобро облечените ѕвезди за 2014 година беа наградени на ELLE Style Awards 2015, вчера во новотворената Sky Garden во зградата Walkie Talkie во Лондон. Британското издание на магазинот Elle престижната награда за жена на годината ѝ ја додели на младата американска пејачка Тејлор Свифт. Катри-музичарката се појави во зелена креација од Julian Macdonald комбинирана со црни сандали од Giuseppe Zanotti. Кралот на високите потпетици-Маноло Бланик беше почестен со признаниетот на ELLE Style Awards за животно дело.
Талентираниот британски креатор Кристофер Бејли ја доби наградата од уредниците. За дизајнер на годината е прогласен Ердем, а за најдобро ново креатотско име – Ешли Вилијамс. Модерен бренд за 2014 е MARC by Marc Jacobs со Кејти Хилиер и Луела Бартли (Katie Hillier and Luella Bartley). Најдобар дизајнер на модни додатоци е Стујарт Веверс од Coach, а најдобар креатор од црвениот килим е Мери Катранзу.
Специјалната награда на шведскиот бренд H&M Conscious Award отиде во рацете на Лили Кол. Модел на годината е Роузи Хантингтон-Вајтли. За филмска актерка на годината е прогласена Дајан Кругер, за ТВ-глумица Меги Гиленхал, а за актер на годината е Лук Еванс. За најнадежна актерка е именувана манекенката Кара Делевињ. Ѕвезда што доаѓа е комичарката Ребел Вилсон. За музичар на годината е именуван Сем Смит. Статуетката за значен придонес во шоу -бизнисот ја доби Сајмон Кауел.
Нема коментари