Холандските фотографи Инез Ван Ламсверде и Винод Матадин кои цели 28 години коезистираат заедно – професионално како фотографско дуо и приватно како сопружници, неодамна одлучија да се впуштат во дизајнерски води и да го почнат процесот на содавање комплетен лајфстајл бренд. Првиот чекор е линија на накит, а веќе претставија втора колекција. Сè почнало со еден ѓердан што Винод ѝ го подарил на Инез, тенок синџир со два испреплетени прстени и привезок во облик на ѕвезда, а токму од тоа парче почнала се равива цела приказна. Следат нови верзии на оваа тема, машки модели со кожен наместо златен ланец, додадени се и други привезоци од скапоцени камења, има и обетки, испреплетени прстени и алки. Колекцијата што почна како изразување љубов кон сопругата и синот, го симболизира вечното заедништво. Се разбира, Инез и Винод снимија и фотографии со новите парчиња накит, а во фотосесијата ги ангажираа Ања Рубик и нејзиниот сопруг Саша Кнежевиќ, ќеркaта на Џејн Биркин Лу Дилон и диџејката Ли Лезарк, но и нивниот син Чарлс Стар.
Нема коментари