Талентирана актерка Ејми Адамс ја продолжува соработката со италијанскиот моден бренд Max Mara и откако се појави во есенската рекламна кампања сними промотивни фотографии за модни додатоци од колекцијата за пролет-лето 2015. На новата кампања таа соработуваше со фотографот Марио Соренти, а на фотографиите ја гледаме во облека во светли тонови, чанти со класичен облик во сива боја и со животински принт, како и со очила за сонце со рамки во пастелни тонови. Ејми Адамс во моментов е актуелна со филмот Big Eyes на Тим Бартон, а актерката и режисерот подготвија заедничка фотосесија за декемврискиот број на Vogue.
Нема коментари