Инспирирани од бајките и светот на Дизни дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана во Милано ја претставија колекцијата за есен-зима 2016/17 во која креираа за новата генерација на принцези. Во светот во кој се исполнуваат соништата, тие создадоа современа верзија на синиот фустан на Пепелашка, прикажана на сценографија која потсетува на бајките на Дизни. Во колекцијата може да се сретнат шарени и бајковити креации кои реферираат и на останатите Дизниеви верзии како Алиса во земјата на чудата и Снежана, кратки фустани со А-крој и војнички палта, болера и панталони над глужд, цветни детали и креации со огледалца, модели извезени со ликови и слики од омилените бајки од деството, а во финалето се појавувија манекенките облечени во блескави сребрени и црвени фустани.
Бајките се една од најчестите и најочигледните референци во модата, но Долче и Габана ги земаат за инспирација на поинаков начин, фокусирајќе се на новата генерација на принцези кои ги опишуваат како „индивидуалки прво и основно“.
Нема коментари