Како изгледа шопинг по полноќ во ИКЕА!? Страшно и Морничаво!? Како во култниот филм „Сјаење“ на Стенли Кјубрик!? Така барем шведскиот бренд за мебел ИКЕА го замислува купувањето за време на Ноќта на вештерките, како што можеме да видиме во рекламата на компанијата која претставува рекреирање на сцена токму од филмот на Кјубрик. ИКЕА често знае да лансира духовити реклами, како онаа за промоција на нивниот каталог која наликува на претставувањата на производите на Apple.
Креаторите на новото видео се чини дека се прилично големи обожаватели на Кјубрик, бидејќи многу внимавале на деталите при снимањето на записот кој е омаж на онаа позната сцена од „Сјаење“ кога синот на Џек Николсон, Дени, вози трицикал низ ходниците на морничавиот хотел во кој само тие престојуваат. Тие исто така скрија голем број на производи на ИКЕА во рамките на самото видео со што компанијата иницира натпревар на социјалните мрежи наречен Spot&Win. Секој што ќе забележи некој артикал на брендот и го пријави на социјалните мрежи може да добијат награда. Повеќе на http://bit.ly/IKEAsgHalloweenContest.
Нема коментари