Доколку сакате слатко да ги изненадите своите сакани за претстојните новогодишни и божиќни празници, македонскиот концептуален бренд Just Because претставува нова линија на дизајнирани чоколади. Овие уникатни подароци се со посебни пораки и со автентичен дизајн. Новогодишните пакувања на чоколади прераснаа во своевидна традиција на студиото Just Because, водено од креативката Нина Симовска. Секогаш различни, а совршено препознатливи, годинава доаѓаат во неколку серии и се одличен подарок за најблиските во предновогодишната еуфорија.
-Оваа година се вклучени и принтови од уметничките слики, кои беа дел од мојата изложба “Is there anybody out there?”, а останатите со божиќни и новогодишни мотиви. Може да се набават како подарок, но добро може да се вклопат и како украс под елка-вели Нина Симовска.
Од Just Because најавуваат уште две серии на дизајнирани пакувања и уште многу изненадувања пред почетокот на Новата година. Дизајнираните чоколади имаат многу достапна цена и може да се нарачаат на Facebook страницата на Just Because www.facebook.com/simovskadesign или преку инстаграм профилот:www.instagram.com/ninasimovska
Нема коментари