Македонската дизајнерка Данијела Симоновска на актуелната Берлинска модна недела имаше презентација на своја колекција на Greenshow Room и модна ревија на Ethical Fashion Show. Организаторите на оваа модна недела голем дел отстапуваат на еколошката мода и на подигнувањето на свеста за луксузна мода која се базира на принципите на самоодржливост.
-На Greenshow Room се презентираат high-end и green fashion етикети кои се раководат по принципите на фер, одржливо и еко-базирано производство. Ethical Fashion Show беше отворен со ревија на селектирани магистерски колекции од студиите на одржлива мода на ЕСМОД Берлин во чии рамки беа презентирани и модели – ни пренесе Данијела.
Креаторката веќе некои време престојува во Берлин каде што замина на мастер студии на берлинската филијала на познатата париска модна школа ЕСМОД и ја обработи магистерската на тема „Несовршена индистрија – чекор кон одржлива и поодговорна мода“. Во Берлин Данијела претстави модели од колекцијата Imperfection, а наскоро ќе се фокусира и на создавање нови креации. Повеќе за работата и престојот во Берлин дизајнерката ни откри уште во октомври во интервју за Stylist.mk.
Нема коментари