Компаниите Warner Bros Consumer Products и Tonner Doll Collection во чест на јубилејот на филмот „Волшебникот од Оз“ ги здружија силите со повеќе модните дизајнери и костимографи со цел да создадат уникатни кукли облечени во различни интерпретации на Дороти, добрата вештерка Глинда и лошата вештерка од Западот.
Во намера да ја обележат 75-годишнината на класичниот филм и да соберат средства како дел од кампањата „Нема ниедно друго место како дома“ на Habitat for Humanity, Марк Џејкобс, Дона Каран, Џени Пекам, Трина Турк, Крис Бенц, BCBG Max Azria, Ерве Леже, Кармен Марк Паоло, Колин Атвуд ги замислија одново костумите за хероините од филмот интерпретирани на кукли. Нивните минијатурни модни креации ќе го имаат своето деби на 4 септември оваа година, во Модниот институт за технологија, за време на Њујоршката модна недела, по што ќе бидат дадени на аукција на eBay, како придонес за Habitat.
„За мене Дороти е една од малкуте иконични девојки во филмовите од срцето на Америка, па да се има можноста да се замисли одново нејзиниот стил беше навистина возбудливо“, изјави Бенц. „Размислував за торнада и за тоа како кога е ветровито во Њујорк дел од весник едноставно ќе ти слета во лице и колку би било смешно да се има таа силуета во сина памучна карета“, изјави тој за неговиот завеан дизајн.
„Авантуристичкиот дух на Дороти претставува калифорниска девојка во душа, па ја надоградив нејзината слатка памучна престилка во пеплум комбинезон врз маица со виножито која потсетува на песната „Некаде над виножитото“. Колажот на виножитото донесе доза на боја која се надополнува со нејзините гумени влечки“, вели Трина Турк.
Дизајнерите кои ја избраа лошата вештерка, како на пример Џени Пекам, исто така земаа нетрадиционална рута. Нивната вештерка е итра на современ, авангарден начин. Тие употребија принт од една од омилените колекции со цел да создадат модерна вештерка во дизајнот кој изгледа како да би бил посоодветен за Војвотката од Кембриџ, отколку за негативката на метла.
Костимографката Лин Паоло која работеше заедно со актерката Кери Вашингтон зазема друга насока, дизајнирајќи свечен фустан со отсјај во бела боја, омилената боја на Оливија Поуп, ликот што Вашингтон го глуми во серијата „Скандал“. „Фустанот е и омаж на Мет Гала“, изјави Паоло.
Лубов Азрија од брендот BCBG Max Azria креираше свечен фустан за добрата вештерка Глинда, моделиран според нејзиниот прв дизајн за ателјето на Макс Азрија. Рим Акра, Ериксон Бимон, Сју Вонг, Карлос Фалки, Даглас Ханант, Бетси Џонсон, Бајрон Ларс, Шарлот Ронсон, Ана Суи и Рут Мајерс се исто така дел од оваа прекрасна серија на кукли.
Нема коментари