Според актерката Џесика Алба добрата спална соба треба да биде функционална, удобна и мирна. Таа неодамна ја реновираше главната спална во својот дом, заедно со терасата која излегува од оваа просторија, а крајниот изглед го покажа во магазинот Domaine со чија помош го напради редизајнот. Алба вели дека откако со сопругот Кеш Ворен ја купиле семејната куќа во Лос Анџелес успеале да го декорираат секој нејзин дел, освен спалната. Таа станала просторија за мебел на кој не му нашле место во останатиот дел од куќата, мрачна соба без малку стил. Затоа актерката конечно одлучи да го реновира и овој дел од куќата и го повика Маt Сандерс од Domaine и група на дизајнери кои работеа на декорот на спалната, во која има и дел за релаксирање околу каминот, а ја стилизираа и пространата тераса на спалната.
Резултатот е светла просторија која во основата има неутрална палета на нијанси, што се гледа во бојата на ѕидовите, креветот, масичките и големиот фиокар со натурален финиш. Но, во целата декоративна приказна се вметнати детали во јаки бои и шари. Има малку влијание од мароканската и ориенталната иконографија, но уште повеќе се чувствува боемско рапсоложение што се забележува во постелнината, декоративните перници, плочките на каминот, свеќниците и украсите. Истото расположение продолжува и во отворениот дел од спалната, терасата која што претставува уште едно катче за одмор. „Неодамна бев во Истанбул и се вљубив во тој спој на Блискиот исток со медитеранскиот брег. Дизајнот таму го чувствував толку луксузен и прекрасен, затоа што сè е рачно направено, натурално и автентично. Сакав мојот дом да го има тоа чувство на егзотична дестинација“ вели Алба.
Нема коментари