Скопје, Белград и Загреб дизајнерски се вмрежија преку Balkan Design Network проект за промовирање на регионаната сцена. Оваа заедничка платформа ја основаа „Јавна соба“ од Скопје, „Миксер“ од Белград и Хрватско дизајнерско друштво од Загреб, со идеја да овозможи стратешка поддршка за развој и промоција на балканскиот дизајн, како во регионот, така и на европската и меѓународната сцена. Настаната како реакција на неповолната клима за развој на креативниот сектор на Балканот, БДМ повикува дизајнери од секакви профили, дизајнерски организации, формални инеформални образовни институции, компании и развојни агенции да ги дружат своите искуства под закрилата на новоотворената мрежа. Една од првите активности на мрежата е проектот Young Balkan Designers, кој беше изложен на последното издание на Skopje Design Week, а кој годинава на младите балкански дизајнери ќе им понуди можност за дополнително образование и поголема видливост на релевантни дизајнерски манифестации.
Нема коментари