Жолт фустан со необичен преклоп во долниот дел, дизајн на македонската дизајнерка Росица Мршиќ, е еден од победничките дизајни на првиот светски натпревар наречен „Фустан на 21-от век” организиран од онлајн плаформата Moda Aesthetics од Амстердам, Холандија. Нејзиниот „мал“ жолт фустан ги исполни критериумите на натпреварот за совршен фустан во кој жената се чувствува удобно, блескаво и самоуверено како граѓанин на предизвикувачкиот 21 век. Фустанот ќе биде произведен од Moda Aesthetics и ќе се продава на нивната он-лајн продавница.
Нема коментари