Оваа година е во знакот на прославувањето на 50-тиот јубилеј на шведската козметичка компанија „Орифлеим“ (Oriflame) која кај нас е присутна 21 година. Еден од начините за одбележување на јубилејот на „Орифлеим Македонија“ е соработката со познатата македонска креаторка Лидија Георгиева која изработи дизајн на маица и отпечаток за маица и за бела платнена торба. Овој проект со Георгиева го иницираше „Орифлеим Македонија“ и резултираше со производи со впечатлив принт на ѕвездест анасон кои го надминуваат шаблонот за производи од корпоративен карактер и добиваат модна нота.
- Секогаш ми е особено задоволство да соработувам со компании кои се соучесници во убавината. Од мојата соработка со „Орифлеим“, произлезе дизајн на форма и отпечаток за маичка, како и отпечаток за торба за плажа. Инспирација имав уште во текот на самиот брејнсторминг со маркетинг тимот на „Орифлеим“, така што веднаш ја предложив идејата за користење и обработка на звездестиот анасон како мотив. Анасонот е космополитски како што е „Орифлеим“, во себе содржи идеја за мирис, за вкус, симболизира повеќе нешта како во светот на убавината и гастрономијата. Тоа е зачин во форма на цвет, која е доста привлечна за графичка обработка. Токму поради тоа и боите кои ги употребив се бои на задоволство, свежина и пролет – вишна, цреша, кармин, портокалова – ни откри Георгиева.
Креаторката Георгиева исто така вели дека првичната идеја за соработката била да се дизајнира маичка која ќе излегува од вообичаената рамка за класична униформа.
-Сите наши консултанти имаат можност да изгледаат прекрасно, да заштедуваат и да се забавуваат! Водени од ова, одлучивме на нашите консултанти да им овозможиме едно уникатно искуство, еден поинаков изглед, кој ќе биде истовремено професионален и модерен, а ќе им послужи да бидат во чекор со најновите трендови во убавината и модата. Одлучивме тоа да го ставиме во рацете на професионален дизајнер, кој заедно со нас ќе направи еден нов look на нашите консултанти. Конкретно стануваше збор за изработка на дизајн за маичка и отпечаток на торба, кои ќе им послужат во летниот период. Одлуката за избор на дизајнер не беше едноставна, затоа што баравме некој кој ги дели нашите вредности и визија. Сето тоа го пронајдовме во Лидија, и навистина беше задоволство да се соработува со неа. Дизајнот специјално создаден за нас изгледа одлично, свежо и модерно. Во име на сите наши консултанти, Благодарам Лидија! – вели Влатко Смилески, менаџер на „Орифлеим Македонија“.
Од „Орифлеим Македонија“ не го кријат задоволството од соработката со Лидија Георгиева. За да се промовираат привлечиот дизајн на отпечатокот и модерниот крој на маицата со дизајнерката Георгиева и со Катарина Штерјовска, ПР и маркетинг супервизор во „Орифлеим Македонија“, одлучивме да се подготви фотосесија преку која ќе се нагласи модната страна на производите и ќе се покаже како тие може да се стилизираат.
-Моите први искуства во козметичката индустрија датираат од времето кога работев за „Рошас“ (Rochas) во Париз, која воедно е и голема модна куќа. Постојано соработував со девојките од маркетинг, при концепција и лансирање на нов парфем или нова линија на шминка, па тука доста научив за деликатноста на овој универзум – вели Лидија.
Во тој контекст Лидија се впушти и во стилизирање на дизајните од соработката со „Орифлеим“ и ги вметна во модна приказна во која доминираат боемски ноти на хип-шик стилот. Таа употреби мини здолниште и ѕвонести панталони од тантела кои се дел од нејзините модни колекции, а приказната е заокружена со накит и очила за сонце од „Орифлеим“. Стајлинзите се илустрирани во едиторијал со фотографката Емилија Маневска и со манекенката Елена Анѓеловска од „Модно студио Црнокрак“, а шминката е на Маги Медичи.
„Орифлеим Македонија“ покажа одличен проект за одбележување на 50-от роденден на шведската компанија.
- По 50 години постоење „Орифлеим“ е козметички гигант, посилен од било кога и со докажан интернационален успех. Создадовме глобална заедница од над 3.5 милиони консултанти во повеќе од 60 земји на ширум светот. Успехот се базира на врвниот квалитет на сите наши производи, од производи за нега на кожа со врвни перформанси, преку Велнес производите за убавина одвнатре, сè до врвната декоративна козметика. Но, успехот се должи исто така и на силната компаниска култура и цврстото и доверливо партнерство со нашите лидери.
Во Македонија, успешно работиме веќе 21 година, благодарејќи пред сè на сите наши потрошувачи, вработени и нашите лидери, кои имаат страст за убавина и остварување на соништа – на шведски начин! Заеднички, комбинирајќи ги предностите на глобална компанија со локалното знаење и претприемачкиот дух на нашите Лидери создаваме победничка формула. Денес, но и во иднина – изјави менаџерот Смилески.
Во услови на бум на социјалните медиуми и комуникациски канали, глобална поврзаност и неограничен проток на идеји од „Орифлеим“ сметаат дека нивната формула е повеќе релевантна од кога било претходно.
-Во 2017 година ја славиме нашата богата традиција во текот на целата година со бројни настани на локално и глобално ниво, сето тоа крунисано со Глобалната златна конференција во септември – на која ќе присуства и македонска делегација од 10 членови. Веруваме дека ако работиме заеднички, сè е можно, и веруваме дека заедно градејќи го семејството на „Орифлеим“ во Македонија и регионот испишуваме страници на една прекрасна историја заедно, успех кој ќе ги обележи следните 50 години – вели Влатко Смилески.
ORIFLAME x LIDIYA GEORGIEVA
Фотофрафија: Емилија Маневска
Модел: Елена Анѓеловска (Модно студио Црнокрак)
Шминка: Маги Мегичи
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари