Шведскиот гигант ИКЕА создаде колекција во која интегрира технологија за безжично полнење на мобилни телефони и таблети во убаво дизајниран и функционален мебел како масички, светилки, работни биора, наткасни, која наскоро ќе се почне да се продава во продавниците на компанијата. Колекцијата е резултат на долгогодишниот проект Home Smart со кои ИКЕА развива иноватовни решенија кои ќе допринесат за подобар живот во домот. Новите парчиња мебел ги задоволуваат потребите за дополнителни штекери и полначи, а со нив ги избегнувате повеќето кабли кои ви се плеткаат низ дома и во работните простории.
Мебелот на ИКЕА користи технологија со глобален Qi стандард, што значи поддржува уреди со овој стандард, какоGoogle, Nexus, Nokia Lumia, HTC, Samsung , додека оние што користат iPhone, ќе треба да набават посебна Vitahult навлака која исто така се продава во ИКЕА.
Нема коментари