Лоциран во популарниот кварт Каракој во Истанбул, овој модерен лофт од 180 квадратни метри е уреден од страна на архитектонското студио „Офист То“ за потребите на еден вљубеник во уметноста. Реонот Каракој е всушност место каде се спојуваат уметноста и модата, овде може да најдете бутици, уметнички галерии, ресторани и хотели со висок стил, а во сличен имиџ е и овој простран стан полн со книги, уметнички слики, историски артефакти, списанија и модернистички решенија во просторот. Во долниот дел е сместена големата дневна соба и кујната, простор во кој доминира кружен камин од бетон. Ѕидовите се од камен, а плафонот дрвен. Во горниот дел е главната спална соба со големо луксузно купатило во современ стил. Транспарентноста е основен концепт во овој дел, што може да се забележи во употребата на стакло и огледала.
Нема коментари