Маса од слоеви на дрво и стакло наредени да наликуваат на амбис во океан, дело Кристофер Дафи од студиото Duffy London, направена да ги реплицира драматичните длабочини на океанските понори, веднаш го воодушеви светот со својот дизајн. Делото на Дафи на креативен начин ја соеднинува природата и геолошките имиџи со дизајн и функциналност. Идејата за маса што го следи обликот на геолошка мапа Дафи ја добил откако во една фабрика за стакло забележал дека колку повеќе слоеви стакло се редат еден врз друг, толку потемна е бојата на стаклото, на ист начин како што морето станува потемно во однос на длабочината.
Некако истовремено дизајнерските блогери се осврнаа и на делата на американскиот дизајнер и изработувач на мебел Грег Класен кој исто така работи со дрво и стакло за да создаде предмети кои наликуваат на геолошка мапа. Дизајните на Класен се можеби помалкуслојни, но исто така се инспиративни. И тој инспириран од природните форми создава маси кои потсетуваат на реки и езера.
Нема коментари