Романот „Педесет нијанси сиво“ ги собори рекордите на продажба, најпрво во Велика Британија, а потоа насекаде во светот. Неодамна беше и премиерата на истоимениот филм кој исто така стана огроменхит, заработувајќи 480 милиони долари во првите две недели на прикажување. Филмот визуелно го доловува стилот на ултра успешните, моќните и најбогатите – кремот на општеството. Цел тим од дизајнери и уметници обединето работеле за сè околу главниот лик Кристијан Греј да биде совршено, модерно и раскошно.
„Сцените од неговата канцеларија се уште еден доказ за доловениот современ минимализам, но потполно потсеќаат на ентериер од нашите простори. Тоа е ентериерот на неодамна отворената галерија за современи уметности FLUX. Сличностите во стилот и парчињата мебел на галеријата во центарот на Скопје со деловниот простор на Кристијан Греј можете да ги видите од фотографиите, а ние ќе додадеме дека сме среќни што светските трендови се почесто можеме да ги видиме и доживееме во живо кај нас. FLUX заедно со својот прекрасен простор и уникатни, вредни уметнички дела од македонски автори се прекрасен пример и доказ за тоа“, велат од галеријата FLUX.
Нема коментари