Една од најпознатите и највлијателни модни блогерки, Италијанката Кјара Ферањи, родниот Милано пред пет месеци го замени за Лос Анџелес и во уредувањето на новиот дом внесе елементи од својот стил. Девојката зад блогот The Blonde Salad, успешно дизајнира лколекции на чевли, го посетува најважните ревии на модните недели и има над 3 милиони следбеници на „Инстаграм“. Новиот дом на Кјара кој го дели со своето момче фотографот Ендрју Артур, е уреден во поп-шик стил, со многу бои, интересен мебел и модни референци, а во уредувањето се ангажирани дизајнеритена енетериери од фирмата Consort Design. Како што Кјара сака да си игра со модата, така таа игра с стилови е пренесена во домот. Мики Маус бил голема инспирација за декоратерите, а низ станот може да се најдат и уметнички дела инспирирани од поп-арт. Мебелелот, особено оној во спалната соба е од средината на минатиот век. Важна просторија е работната соба и бирото на кое Кјара ги пишува своите модни постови. Бидејќи во поголемиот дел од година Лос Анџелес има сончеви денови, дел од животот се одвива надвор на отворено, а во градината има тиркизно сина дворна гарнитура, која со тоналитетот се надополнува на темносините нијански од внатрешниот дел на куќата.
Нема коментари