Дизајнерски накит, облека и мебел на попуст ве очекуваат на следниот „Дизајн базар“ што викендов ќе се одржи во концептуалниот простор „Јавна соба“ (Public Room). Базарот почнува во сабота, 9 јануари, во 10 часот, а ќе трае до 21 часот во недела, 10 јануари. Од „Јавна соба“ велат дека успешно реализирана година македонските дизајн брендови со големи попусти сакаат да ја наградат домашната публика, а во склоп на базарот ќе има работилници за деца, греано вино, намалени цени на мезе, музичка програма, одлична забава и другарување. На базарот ќе може да ги најдете производите на „Лудус“, „Куфер“, „Линија“, SPIN, We and Nature, „Преплет“ и други брендови.
Нема коментари