Во соработка со славниот дизајнер Кристијан Лубутан, ѕвездата на бурлеските, Дита фон Тис дизајнира капсулна колекција на секси долна облека. Станува збор за линијата XXXtian која содржи седум модели: градници, гаќички, боди и, кимоно со дезен што ги осмисли дизајнерот. Ова е прва линија на долна облека дизајнирана од Лубутан.
Користени се свила и тантела, а цената ќе биде од 87 до 749 евра. Колекцијата е креирана специјално за страницата Glamuse.com на кој ќе може да се најдат други линии за долна облека во чие создавање имала удел Дита фон Тис, како што се Madame X, Marlene, Parisienne и Screen Queen.
Нема коментари