Модните недели во Париз, Лондон Милано и Њујорк можеби се најважните на светската модна мапа, но сè повеќе и модните случувања во другите градови на сите контитенти земаат замав во однос на квалитетот, влијанијата и поставувањето на трендовите. Домашната публика редовни ги следи сите светски модни манифестации, како и оние во регионот. Но, дали сте помислиле каква е модната сцена, на пример, на Малта?! Во главниот град Валета деновиве се одржа Mercedes Benz Malta Fashion Week, а свое видување низ текст и фотографии ни испрати нашата колешка, новинарката Ана Маткова. Во продолжение е нејзината приказна и фотографиите кои ги илустрираат модните ревии, атмосферата во бекстејџ, првиот ред, пропратните забави и дружби.
Фондацијата Валета 2018, во соработка со Mercedes-Benz, го подржаа седмото издание на Malta Fashion Week, која се одржа минатата недела. Главниот град Валета беше домаќин на најдобрите таленти на модната индустрија – модни дизајнери, стилисти и шминкери, фотографи и блогери.
Околу 19 локални дизајнери ја презентираа нивната работа на јавноста, заедно со меѓународни дизајнери од Србија, Италија, Франција, Романија и Грција. Модната недела на Малта вклучува модни ревии, забави и настани кои ги достигнуваат највисоките стандарди на слични модни недели во останатите метрополи во светот. Кулминираше со модни награди, доделени на најуспешните како признанија за нивната напорна работа во изминатата година. Ова е еден од највпечатливите настани на островот, со заштитен знак на медитеранска атмосфера и лежерен стил и секоја година се стреми да биде погламурозен.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари