После моделите на чанти наречени Lady Dior, Diorissimo, Diorama, Be Dior, од париската модна куќа „Диор“ доаѓа Diorever, чанта која шти за кратко време стана омилен детаљ на познатите светски модни следбенички како Елена Перминова, Мирослава Дума и пејачката Ријана која не се дели од својата сребрена чанта.
Diorever чантата можеби има класичен коцкест изглед, но е доволно современа за модерните жени. „Диор“ дури ја опишува како чанта со „авангарден и урбан став“ и за жени со многу „силен и смел стил“. Може да се носи во канцеларија, но и во секојдневни пригоди како шик додаток.
„Диор“ ја создаде во три величини – мини, медиум и голем, во различни видови кожа. Ја има и во основните бои, во неколку интензивни нијанси, во златен и сребрен финиш, а некои верзии како онаа на Елена Перминова се украсени со шарени циркони.
Нема коментари