Откако минатиот месец Раф Симонс ја напушти позицијата на креативен директор на париската модна куќа „Диор“ се очекуваше брзо назначување на нов дизајнер на ова престижно место, но од брендот соопштија дека следните две колекции (онаа на висока мода за пролет 2016, и следната за есен-зима 2016/17) ќе ги подготви веќе постоечкиот дизајнерски тим во куќата. Нешто слично се случи и по отказот на Џон Галијано од „Диор“ во 2011 година, кога вториот по важност дизајнер Бил Гејтен ја креира следната колекција, пред белгискиот дизајнер Симонс да ја презеде улогата на креативен директор. Можеби во скоро време „Диор“ нема да назначи нов креативен директор, но модниот свет внимателно ќе следи и погодува кој дизајнер би бил погоден за оваа посакувана работа.
Нема коментари