Модната куќа повторно се врати во Версај за да ја сними третата видео реклама од серијалот „Тајната градина“, обединувајќи ги богатата историја на замокот од 17 век со современиот надреализам во визијата на Раф Симонс за „Диор“. Модното видео го снимија Инез вВан Ламсвердде и Винуд Матадин, во него се појавуваат манекенките Дарија Штрокус, Феј Феј Сун и Кејтлин Ас кои изгледаат како три модерни предрафаелитски божици додека се движат низ просториите, градините и оранжеријата на познатиот замок, и тоа на звуците на Strange Love од „Дипеш мод“. Ова е само трејлерот за видеото, а целосната верзија е поставена пред нешто помалку од половина час на овој линк на официјалната страница на париската модна куќа dior.com.
Нема коментари