Француска класика и нова елеганција
Диор и Сен Лоран, двете престижни париски модни куќи со долга традиција, ги претставија новите колекции за есен-зима 2023/24 во стартот на модната недела во Париз, во двете колекции актуелните креативни директори, Марија Грација Кјури и Ентони Вакарело, прикажаа креации во кои се наѕираат референци на насладството на основачите на овие брендови.
Кјури кај Диор направи спој на старото и новото, на силуетата од 1950-тите препознатлива за Кристијан Диор, сега реконструирана да биде релевантна за жените на сегашноста. И Вакарело евоцира на модното наследство на Ив Сен Лоран во новата колекција, и прикажа модели со многу елеганција класични кроеви.
ДИОР
СЕН ЛОРАН
Нема коментари