Поради пандемијата, последните презентации на колекциите на Диор беа одржани на Интернет, преку фоторафии и формат на моден филм, но креациите на Марија Грација Кјури од haute couture колекцијата за есен-зима 2021/22 беа прикажани на физичка модна ревија со гости, во рамките на Париската недела на висока мода.
Ревијата на Диор е една од осумте физички презентации на тековната Париска недела на висока мода, за прикажување на новата колекција Диор и дизајнерката Кјури го избраа Музејот Роден. Модната куќа претстави исклучителна колекција полна со долги транспарентни фустани, модели со плисе, со мрежести маеријали, педуви и вез. Дел од колекцијата е посветен на креации од твид, а се забележува и омаж на иконскиот ‘new look’ крој на Кристијан Дио од 1947 година преку дводелните комплети со силуета со нагласена половина.
Нема коментари