Mari Kat Atelier – Нова модна приказна во Скопје
„Мари Кат“ е новата успешна модна приказна во градот, мал бизнис кој успешно лансира комерцијална мода како и парчиња облека кои се лимитирани и за клучни клиенти. За брендот да биде успешен и квалитетот да ги исполнува стандардите кои се потребни да се биде конкурентен на пазарот стои долгогодишното работно искуство на Марија Трајковска која успешно ја градела својата кариера како технички моден изведувач, потоа како контролор на квалитет, па дури и во процесот на шаблонирање и изработка на самите модели.
Во тимот на „Мари Кат“ покрај искуството на Марија, стои и младата успешна дизајнерка Катерина Трајковска која го надополнува креативниот дел заедно со Алмир Мили, кој веќе ѝ е познат на македонската модна сцена како моден дизајнер, моден илустратор и моден маркетинг менаџер.
-„Мари Кат“ е мини моден бизнис чии планови се да лансира модни линии кои ќе се пробиваат на пазарот како конкурентни и стремат кон проширување на странските пазари на модата. Така впрочем и започна со работа брендот пробивајќи се на Миланската модна сцена со проект кој беше во соработка со ФРУК магазин. Соработката со Дилек Каја и Сердар Ѓозен се случи сосема спонтано, имено при нивна посета на „Мари Кат“ со цел взаемни интереси решивме да направиме комерцијален едиторијал на дел од нашите изработени парчиња кои се во малопродажба – изјавија од брендот.
Дилек Каја е успешна млада и талентирана актерка која од неодамна успешно работи како модел на турската модна сцена. Својата кариера ја започнала во 2013 година како фитинг модел, фото модел, ТВ презентер и продолжува да се појавува како актерка на многу турски серии кои во моментов се супер популарни на нашето поднебје.
Сердар Ѓозен е веке познат на нашата модна сцена како дел од тимот фотографи на Моден викенд Скопје во 2012 и 2014 година. Зад себе има многу успешни проекти за компании како фотограф, а во неговото портфолио се документирани и успешните соработки со многу македонски дизајнери учесници на домашниот Моден викенд, и на модните недели во Србија, Босна и Херцеговина, на официјалната модна недела во Истанбул, и соработка со Мис Војводина.
MARI KAT ATELIER/ Дизајнери: Алмир Мили и Катерија Трајковска/ Модел: Дилек Каја/ Фотографија: Сердар Гозен/ Шминка и Фризура: Александар Ризов/ Продукција: Марија Трајковска
Нема коментари