Со мини-ревија во продажниот простор на Fashion & Friends во „Скопје сити мол“ македонското претставништво на Diesel ја презентира женската колекција за есен-зима 2014. На настанот, кој беше замислен како кежуал, утринска средба со новинарите, беа претставени дел од носечките модели, кои го доловија есенкото расположение на етикетата, со модели од џинс, карирани парчиња, топли креации и микс од војнички и моторџиски стил.
Инспириран од современтиот свет и природата, креативниот директор Никола Формикети на Diesel создал модели кои ја задржуваат пропознатливата естетика на брендот, но сепак носат и свежина и оригиналност. Формикети има изјавено декасо креациите ја открива другата страна на Diesel, која е забавна и по малку иронична, но пред сè слободоумна. Креациите се за урбаните номади кои патуваат околу светот посетувајќи различни музички фестивали како „Коачела“ или „Гластонбури”. Токму инспирацијата од музичките фестивали внесува лежерен дух во војничките парчиња.
Класичните зелени парка јакни и палта се комбинираат со дезенирани материјали и помеки форми. Како контраст на долги фустани од тул или пак облечени врз памучни блузи, навидум грубите парчиња одеднаш добиваат сосема нов лик кој асоцира на удобност.
Нема коментари