We always wanted something different е насловот на кампањата со која новиот македонскиот бренд за чевли и чанти DIAS Shoes & Bags се претставува пред нашата јавност. Компанијата, која е позната по изработка на custom made обувки и чанти за жени и за мажи, со рекламата го презентира својот начин на работа и она што ги прави поинакви од другите брендови.
-Самиот концепт, кој нуди сами да си ги дизајнирате и персонализирате чевлите и чантите, претставува еден микс на модата и слободата, односно концепт кој што нуди излегување од сенката и формалностите и дизајнирање на нешто што ќе ве отсликува вас и тоа што сте вие. Токму затоа се одлучивме и за слоганот “We always wanted something different”, бидејќи сакаме да пренесеме нешто ново. Сакаме да им дадеме на луѓето да бидат креативни и да бидат забележани поради тоа. Можностите во дизајнирањето на своите чанти и чевли се неограничени, а секој си има свој вкус и посебна замисла. Па токму тоа е и пораката во нашата нова реклама . Сè повеќе клиентите сакаат да носат custom made парчиња, а DIAS Shoes & Bags го возможува тоа. Секој клиент може да бира помеѓу различни стилови, видови на кожа и многу бои. Тие што се вистински индивидуалци, можат да направат и персонализација на обувките, а тоа можат да го сторат со поставување на иницијали, бројки, симболи и слично- велат од младиот тим на DIAS Shoes & Bags.
Рекламата ја изработија од General Production, а главните протагонисти во видеото се Никола Марковиќ и Алана Таманини, која доаѓа од Бразил.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари