Модните дизајнери покрај облека креативноста ја изрзуваат и во другите области, многу често создаваат ентериери и декоративни предмети за домот. Пример е и новата соработка на Дајан вон Фурстенберг и H&M Home во која американската дизајнерка својата колоритна естетика ја вметна и во предметите за домот со потпис на шведскиот бренд.
Колекцијата се состои од разни декоративни предмети како вазни, ќебиња, перници, украсни кутии, послужавници, чинии, постери, свеќи… кои се со јаки бои и храбри принтови на зебра, леопард и усни.
-Колекцијата Diane von Furstenberg x H&M Home вклучува амблематски отпечатоци што ги дизајнирав пред 20 години, кога ја основав мојата компанија, додека моделот на усните е инспириран од делата на Енди Ворхол. Лично, сакам животински отпечатоци – зебрата е апсолутно во стилот на DVF, потоа живописни портокалови и розови бои, но и монохроматската црно-бела комбинација изгледа многу елегантно. Целата колекција е прекрасна и со нетрпение очекувам да ја споделам со сите – вели Дајан вон Фурстенберг.
Придружната кампања е снимена во импозантната куќа на дизајнерката, што навистина го рефлектира нејзиниот личен стил.
Нема коментари