Сакате да бидете модерни, шик и урбани, дезенираните хулахопки настапуваат на сцената. Дезенот може да биде различен, а изборот го оставаме на вас и вашата креативност и фантазија. Можете да бидете смели да носите со апликации, да носите хулахопки со интересни дезени и јаки бои, нежни и млади во бобици, а во вечерните часови да блеснете на забавите во хулахопка со ситна или крупна мрежа. Бидете тоа што сте, но имајте на ум дека првиот впечаток е најважен.
-Дезенираните хулахопки од моменталните catwalk трендови ја пратат сезонската приказна и го комплементираат целосниот стајлинг на секоја жена. Оваа сезона актуелна ќе биде геометријата со контрасни бои и нагласени форми, како и конкретни приказни кои во комбинација со едноставен фустан или здолниште кое изгледа шик и современо – советува Ивана Кнез, моден дизајнер.
Во зимскиот период дезенираните хулахопки не претставуваат само моден детаљ, туку тие се најдобар пријател на секоја жена која носи здолниште, прават да се чувствувате удобно, комфорно и топло.
Нема коментари