Сари Мерсер, девојката на актерот Чуетел Еџиофор, кој ја толкува главната улога во годинашниот оскаровец „12 години ропство“, минатиот мај беше ангажирана како модел во фотосесија на македонската модна креаторка Билјана Тренчевска. На ова потсети и самата дизајнерка со објава на својата страница на „Фејсбук“.
Црвенокосата манекенка, која доаѓа од Канада, беше главна ѕвезда на промотивната фотосесија за колекцијата The Kyoto Garden, на брендот на Тренчевска – Bilyanabel. Lookbook-от беше снимен во еден од најубавите паркови во Лондон, Холанд Парк. Тимот кој учествуваше ва овој проект беше интернационален, со дизајнерка-Македонка, фотограф-Италијанец (Даниеле Кучија), манекенка од Канада, а од Британија се дизајнерот на шапки и шминкеркатам (Сенди Панесар).
Тренчевска е една од нашите најуспешни креторки, што имаат кариера надвор од границите на Македонија. По дипломирањето на Сент Мартинс во Лондон доби ангажмани во неколку британски модни куќи, меѓу другото кај Мелиса Одабаш и Пол Смит. Во 2011 година го лансира својот бренд Bilyanabel. Таа постојано е на релација Скопје-Лондон, а лани се претстави и на Модниот викенд во нашата метропола.
Мерсер, која има кариера и како актерка (играше во филмот Jatt & Juliet), изминатиот период имавме можност често да ја гледаме на црвениот килим, на некои од најпрестижните филмски церемонии, како: „Оскар“, „Златен глобус“ и БАФТА. Таа, во модерни и елегантни креации го придужуваше своето момче, кој беше номиниран за главна машка улога за ролјата на Соломон Нортап.
Во продолжение се фотографиите од колекцијата The Kyoto Garden со Сари Мерсер.
Нема коментари