Велат вистинскиот стил не признава возраст, a 95-годишната Ернестина Ерни Столберг е доказ за тоа. Оваа ексцентрична дама живее во Виена, и неодамна стана ѕвезда на Инстаграм благодарение на профилот на дизајнерскиот бутик и концептуалната продавница Park, на кој таа позира во креации на Хајдер Акерман, Дрис Ван Нотен и Жакемус кои може да се најдат во виенската продавница.
Како се случи Ерни да стане нова модна ѕвезда?! Според Vogue спонтаната и неочекувана соработка се случула откако Ернестина, која живее блуску до продавницата, често ги поздравувала сопствениците Маркус Страсер и Хелмут Рутнер. Но, откако двојката купила куче, посетите станале почести и Маркус и Хелмут преку дружбата забележале колку Ерни изгледа природно пред фотоапаратот и има вроден талент да вдахне живост во облеката што тие ја продаваат, иако најголем број тоа се ексцентрични парчиња на дизајнери со поавангарден израз. Маркус и Хелмут велат таа може да износи дури и некоја најчудна и најпредизвикувачка комбинација од модните писти, а изгледите што ги носи привлекуваат голема и широколика публика во бутикот. „Ако ѝ дадеме нешто елегантно да носи, таа автоматски завзема елегантна поза. Ако облече нешто кул, нејзиниот став веднаш се прилагодува на тој стајлинг, скоро и да треба ништо да ѝ сугерираме“, вели Маркус.
На Инстаграм профилот на Park има повеќе фотографии на кои Ерни позира во разни комбнинации во кои се мешаат уличната мода и женственоста, ексцентрични креации со необични форми, луди модели и авангардни брендови, а посебно ѝ се допаѓаат креациите на Петар Петров, дизајнер кој работи во Виена и се претпоставува дека е новото големо модно име.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари