Шеснаесетгодишната Дева Касел е лицето од овонеделната насловна на Elle France, ќерката на Моника Белучи и Вансан Касел позира пред објективот на Стефано Галуци и на првата страница носи модна комбинација на Прада. Младата Дева ја наследила безвременската убавина на нејзината мајка Моника Белучи, познатата актерка која што кариерата ја почнала како манекенка.
Дева е претставена како „новата муза на италијанската мода“, во фотосесијата во новиот Elle, носи модни креации на италијански брендови и дизајнери како Верчаче, Фенди, Макс Мара, Валентино, Салваторе Ферагамо, Ботега Венета, Гучи… Позира и во креации на Долче и Габана, за кои работи и како заштитно лице.
Нема коментари