Неделата на дизајнот во Скопје и годинава ќе има две мултимедијални детски работилници, на 24 и 25 ноември, а темата е „Шумски животни“
Под водство на Дора Локвенец, Марина Таневска и Тамара Димитрова, а со помош на роботчето Кубето, децата од 5 до 7 години ќе бидат дел од двете мултимедијални детски работилници на кои се одржуваат викендов ноември за време на Skopje Design Week на тема „Шумски животни“. Со користење на рециклирани материјали, децата ќе создаваат брошеви, бележници за книги, кутии за моливи, инспирирани од мотиви на шумски животни.
Работилниците овие два дена ќе се одржуваат од 15 до 17 часот во Јавна соба.
Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.
Активностите ќе се реализираат во Јавна соба и Лукс секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.
Повеќе информации на: www.ministryofpleasure.net
Нема коментари