Уникатни производи од македонски креативци ќе бидат претставени на дизајнерската продажна изложба: Design and Wine што ќе се одржи на 3 и 4 март (сабота и недела) во новоотворениот CEED Hub Скопје (во кампусот на Машински факултет). Викендов од 10 до 18 часот ќе биде иложен уникатен накит, рачно изработени честитки, кожни производи, парчиња мебел што воодушевуваат, креативни детски дрвени детали, дизајни за улична мода, домашна органска козметика, органски супстрати за домашни растенија, подароци за изненадување, рециклирана дизајнерска облека, платнени и волнени ташни и многу други интересни решенија.
Во рамките на настанот, на 3ти март од 12 до 13 часот, брендот „Мали нешта“ ќе одржи бесплатна работилница за деца каде ќе можат да се запознаат со процесот на боење и декорирање на дрвени предмети.
Design & Wine е иницијатива на група креатори кои беа дел од Пред-акцелераторската програма на CEED Hub Скопје, поддржана од ИМЕ Програмата на Швајцарската амбасада.
На Design & Wine ќе учествуваат: Арт студио С, Millow, Студио Ѓердан, Една прави, Мали нешта, Марија Милошевска, Иван Пешевски, Горан Костовски, МамаОргана, WOW BOX, АБВ со Македонка, Карло Хорват, „Ан арт“, Wool art (Шада), „Фабрика 13“, Huggable dolls (Марга Арнаудова) и One made.
Арт студио С (Светлана Иванова) -која дизајнира и произведува накит и модни додатоци од бакар и алуминиум во комбинација со други материјали, при што секое парче отсликува сопствена приказна. Millow (Сања Вељановска) е креативно студио за графички дизајн чија палета на производи се состои од пригодни честитки, современи покани и додатоци за свадби, родендени и секаков вид настани.
Студио Ѓердан (Ачковска Лилјана) креира накит изработен во полудраг камен, кристал и бисер.
Една прави (Марина Заркова) е социјална компанија која, меѓу другото изработува уникатни машки и женски пролетни јакни од рециклиран џинс со мозаичен концепт, давајки акцент на општествено – социјална и еколошка свест, алармирајќи дека и отпадот е уште едно човеково богатство. Мали нешта (Весна Апостолска) е семејна фирма за производство на детали за домот, градината, училиштата, излози и сл. Производите се направени од дрво, медијапан, плута и други додатоци. Изработуваат часовници, огледала, полици, разни видови држачи, салфетари, табли за пораки.
#МАкедонскаМушичКА (Марија Милошевска) е новиот бренд на производи дизајнирани од (ORO workshop) кои се фокусираат на историското и културното богатство на Р. Македонија и го користи фактот за првото пишано сведоштво за постоење на рибарска мушичка кое потекнува од овие простори.
Облик еден (Иван Пешевски) е студио за архитектура, внатрешен дизајн и изработка на оригинални парчиња мебел. Стилот и функционалноста се резултат на рамнотежата помеѓу дизајнот и оригиналноста.
Celebrate Life (Горан Костовски) е платформа за дизајнирање на unisex облека и разни дизајнерски предмети. Покрај практичниот аспект, платформата има и философија зад себе – да се избегне мрачната и неподнослива состојба во секојдневието и да се потсетат луѓето на моментите кога танцуваат и ги слават убавите нешта. Горан Костовски – ind.o.g е арт директорт, дизајнер и видеоуметник.
МамаОргана (Наталија Бургиева) произведува органски ѓубрива и супстрати, и развива еко-иновативни решенија за производство на органска храна. Ова социјално претпријатие ги следи и застапува LOHAS (lifestyle of health and sustainability) стандардите. WOW BOX (Маја Величкова) е онлајн продавница за промоција на нови подароци. Негувањето на подароци за ЉУБОВ ИиСРЕЌА е најголемиот приоритет.
AБВ со Македонка (Александар Тримчевски) нуди пакет – содржини којшто им помага на децата да ја научат македонската азбука. Карло Хорват ќе се претстави со рачно изработени кожени аксесоари.
Ан арт е студио за рачно ткаење на разбој. Изработува уникатни ткаени шалови, понча, простирки за маса од волна и памук.
Wool art (Шада) изработува модни додатоци од природна волна во различни техники: мокар и сув филц, нано филц
Фабрика 13 (Наташа Јакимовска) се занимава со рачна изработка на модни додатоци од текстил – чанти, бубрежиња, детски ранчиња, ранчиња за возрасни, новчаници, несесерчиња и сл. Сите прозиводи се изработуваат од квалитетни материјали, големо внимание и многу љубов.
Huggable dolls (Марга Арнаудова) техника за изработка на амигуруми -јапонска уметност на плетење на мали кукли, животни , антропоморфни суштества. One made ќе се престави со домашна органска козметика.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари