Ѓердан во вид на ковчег изработен од тимот на младиот бренд за накит додатоци Design and berries ќе му биде доделен на победникот на креативниот предизвик Sinister Days. Станува збор за конкурс за најкреативна фотографија/цртеж/кратка приказна/видео, што го распиша блогот Revoshot по повод месецот на хоророт. Настанот е организиран од администраторот на Revoshot, Јане Наумоски, и младата фотографка Ерина Богоева. Отворениот повик трае до 31 октомври, а предлозите може да се праќаат на sinister@revoshot.com. За најдобрите ќе одлучува жири во кое покрај Наумоски и Богоева членуваат: Кристина Манчева-графичка дизајнерка која стои зад Design and berries и фотографите Велиан Јагев и Димитар Атанасов. Наградите се симболични, а најдобритете ќе добијат маица по кратки ракаци со називот Sinister Days. На второпласираниот му следува книга со хорор приказни, а на третиот – постер од култниот филм The Shining.
Design and berries е продолжение на креативната рабoта на блогот Design and breakfast на Манчева, основан во 2010 година. Подоцна под ова име, во соработка со Марија Чолкова, почна да создава уникатни модни додатоци. Досега имаат учествувано на низа настани ихуманитарни акции, а имаат соработувано и со дизајнерката Ирина Тошева.
Нема коментари