Подготовките за лето почнуваат сега, а ако сте во потрага по нови вежби кои може да ги правите дома и без употреба на реквизити, овој десеминутен тренинг многу ќе ви помогне. Видеото на Fitness Blender вклучува 10 кратки вежби кои го таргетираат задникот и горниот дел на нозете. Секоја вежба трае 45 секунди, по што се прави 15 секунди пауза, а со овој тренинг може да изгубите од 64 до 114 калории. Целта на вежбите е заоблен задник и тонирани бедра, што гарантира и добар изглед на нозете.
Нема коментари