Детроиските легенди Дерик Меј и Џеф Милс, пионери на техно музиката, познати диџеи и продуценти, на 30 јануари настапија заедно со Симфонискиот оркестар на Мелбурн, Австралија, под диригенство на македонскиот диригент Џијан Емин. Концертот беше во организација на „Излет мјузик“ на скопскиот промотер Огнен Узуновск. Грандиозниот настап беше фузија на електронска и симфониска музика, а публиката го слушна проектот Lights From The Outside World на Милс, потоа Music Is Music, музика создадена од Меј и Емин, а во финалето и премиерата на новата композиција King Of Sopishte, која како што претходно најави Емин „е нарачана од директорот на Симфонискиот Оркестар од Мелбурн со цел да се создаде композиција, која музички ќе ги обедини Дерик, Џеф и симфонискиот оркестар“. Џијан компонира и аранжира поголем дел од оркестарските адаптации.
Австралиските медиуми со пофалби пишуваа за настапот на Меј и Милс, а посебно внимание доби нашиот Емин кој според некои публикации го „украл“ шоуто на концерот. Дерик Меј и Џијан Емин настапија заедно со Македонската филхармонија во Охрид во 2014 година, потоа во Париз, Гент, Ница и Детроит со тамошните симфониски оркестри, а во Мелбурн им се приклучи и Џеф Милс.
Нема коментари