Еден од пионерите на детроитската техно-сцена, диџејот Дерик Меј ќе настапи со Македонската филхармонија на 2 август во Античкиот театар, во Охрид. Музичко-сценскиот настан „Музика универзалис“ ќе биде спој на електронска и класична музика на симфонискиот оркестар, проследена со светлосни ефекти, видео и аудио поддршка и специфични костими. Организатор е продуцентската куќа „Излет мјузик“, а нејзиниот сопственик и продуцент е Огнен Узуновски.Покровител на настанот е Министерството за култура. За оркестарските аранжмани на музиката на Дерик Меј е задолжен македонскиот музички уметник Емин Џијан, а за визуелното обликување на концертот – режисерот Игор Иванов.
На концертот ќе се користат сите можности и моќноста на симфонискиот оркестар, а акцент ќе има перкусовноста на оркестарот. Со овој настан се отвораат вратите за комбинирање на богатиот симфониски звук со други, различни жанрови. Преку визуелно обликување и ефекти ќе се поддржи звукот и целиот настан ќе се документира на дивиди. „Музика универзалис“ ќе биде издаден и на цеде и дивиди, заедно со краток документарец за археолошките локалитети во Македонија. Концертот ќе биде дел од содржините со кои Македонската филхармонија одбележува 70 години постоње. Филхармонијата ќе го прослави јубилејот и со концерт за отворање на 54. „Охридско лето“.
Дерик Меј често настапува вао нашата земја, изминатите 14 години. Тој е добро познат диџеј и пријател на нашата публика. Неколку пати има гостувано и сите кои присуствувале ги паметат неговите забави од Градиште, Скопски Саем, Колосеум и „Сектор 909“. Тој е дел од Belleville Three, со Хуан Аткинс и Кевин Сандерсон – средношколски пријатели од средното училиште Belleville, Мичиген во Детроит.Сите тројца заедно се основоположници на детроитскиот техно звукот, кој го доживува својот пик во почетокот на 90тите и добива свои следбеници како: Џеф Милс, Ричи Хотон Карл Крег и Октејв Уан. Под својот моникер Rhythim is Rhythim во деведестите ги издаде хитовите како Nude Photo, Strings of Life, Kaos и It Is What It Is, сите издадени за неговaта издавачка куќа Transmat. Од овие синглови Strings of Life доживеа глобален успех, хит кој сè уште може да се чуе низ подиумите ширум светот.
Нема коментари