Кратките џинс-шорцеви се безвременска летна униформа, на некој начин форма на носење на фармерки во топлите денови. Дали сами ќе ги пресечете долгите фармерки или ќе ги купите кратки, не е битно. Важно е што ќе ви станат задолжително летно парче кое многу лесно се комбинира. Со лесна блуза или памучна маица, во минималстички или во стилот на фестивалска мода, ултра кратки или како тренди бермуди, со сандали или патики, џинс-шорцевите се летна модна класика.
Нема коментари