Британскиот актер Демијан Луис, кој е познат по улогата во наградуваната серија „Татковина“, е ѕвезда на кампањата на брендот Aquascutum за сезоната есен-зима 2014. Покрај него во рекламата се појавува и младата англиска манеканка Елајза Камингс. Актерот и моделот, носејќи ги есенските креации, позираат во ретро-сесија, како симната од некој црно-бел романтичен филм.
Нема коментари