Миди здолништето во повеќето свои верзии, плисирано, со благ преклоп или со А-крој, спаѓа во оние модни парчиња што се сметаат за соодветни за деловниот стил. Мини должината е забранета во бизнис дескодот, должината до колена зависно од градбата на жената може да ја пресече нејзината силуета, макси здолништетата може да изгледаат неуредно и „торбесто“ за во канцеларија, но затоа пак со миди должината никогаш нема да погрешите. На ова додадете високи чизми како опција за зимски обувки (никако да не бидат над колена) и ќе го решиот деловниот стајлинг, барем во дoлниот дел од аутифитот. Еве неколку примери.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари