Ако некоја блуза се смета за најочигледен избор во градењето на деловниот стил, тогаш тоа е кошулата со панделка во сите свои варијанти. Класика во бизнис дрескодот, таа може да носи во себе романтична, елегантна, но и модерна нота. Панделката во предниот дел, која што може да биде голема и впечатлива или тенка како црна лента, додава разигран ефект. Овие кошули лесно се вклопуваат во комбинациите со панталони, молив-здолништа, сакоа и чевли салонки, градејќи ја така базата на деловниот имиџ. За во канцеларија се препорачуваат бела и црна верзија, како и кошули со пастелни и неутрални тонови, а доколку сакате да внесете некоај шара, нека биде тоа некој ситен и ненаметлив принт.
Нема коментари